Every morning is the dawn of a new error...

Monday, January 15, 2007

Бурек - 24 часа

Граѓаните на Скопје во иднина ќе можат да купат бели печива и бурек во секој период од деноноќието. Со одлука на Град Скопје работното време на пекарите и бурекчилниците ќе биде 24 часа.
Пред неколку месеци советниците донесоа одлуката со која работата на овие занаетчии беше ограничена само до 23 часот. Образложение беше дека процесот на работа на пекарите и на бурекчиите, како и на слаткарите, е специфичен и почнува во 23 часот, а завршува во раните утрински часови. Продажбата на тазе бурек наутро, според повеќето градски советници е дел и од скопската традиција.

vecer.com.mk

Monday, December 11, 2006

Крстот на Водно



Контра акција: Милениумски крст – Да се доврши! Да се заштити!

Сите граѓани кои сакаат да го помогнат довршувањето и заштитата на Милениумскиот крст, можат да се јават на бројот 070 143-155, со што ќе донираат 100 денари.

Friday, August 04, 2006

сонце, море






одмор :)

лето е за на плажа





Tuesday, August 01, 2006

паметни бикини




UV Smart Bikini

линк

Saturday, July 29, 2006

Пенис наместо четка


Уметникот Тим Печ, кој се нарекува Прикасо го користи пенисот наместо четка при сликање на портрет на отворањето на годишниот саем "Секспо" во Сиднеј.

Печ почнал да слика со пенисот кога еден пријател го замолил да му наслика портрет на дочекот на ланската Нова година. Тој се служи само со бои што се раствораат во вода, а сликите ги продава за цени од околу 250 американски долари.

Од "Секспо" што се одржува веќе 10-та година, тврдат дека тоа е најголемиот секси саем во светот.

link

Thursday, July 27, 2006

Мажите обожаваат друштво на гејша


Тие се школувани девојки чија задача е да седат со мажите, да ги забавуваат и со нив да разговараат на интересни теми


Гејшата е име што многумина веднаш ги асоцира на проститутка. На зборот „уметник“ можеби и ќе се насмеат, со коментар дека жената што живее забавувајќи ги мажите не е ништо друго освен проститутка.

- Мора да запаметиш дека гејшата пред се' е забавувачка и изведувачка - објаснува Сајури, измислениот лик на гејша во романот „Мемоарите на една гејша“ од Артур Голдман.

повеќе клик тука

Wednesday, July 26, 2006

Секс во вселената



Секс во вселена. Тоа е една од честите романтични фантазии и секс митови. Но, затоа постои науката - да ги упропасти надежите. Нејзината порака е: бембајте се додека сте на планетава, горе ќе биде заебано.


повеќе клик тука

-------------
лудница :)))

Friday, July 21, 2006

Мажите да спијат сами?

Мажите кои го делат креветот со друга личност можат да патат од привремено намалување на мозочните способности. Кај жените делењето на креветот ништо не менува околу мозокот.

Без разлика дали при тоа имале сексуални односи, промената на кревет кај мажите предизвикува потешкотии во сонот, како резултат на што идниот ден следува намалување на умствените способности, се тврди во истражувањето објавено во Њу Сајнтист. Малите количини на сон го зголемува и нивото на стрес.

Кај жените нема такви промени од едноставна причина што тие имаат подлабок сон, покажува студијата во која учествувале 8 невенчани парови на возраст од 20 до 30 години. Инаку жените најмногу се сеќаваат на соновите кои им се случиле додека спиеле сами, додека мажите најдобро се сеќаваат на соништата кои следувале после секс.

линк